Најмалку осум лица загинаа во пад на хеликоптер Ми8 на подрачјето на Краснојарск во источен Сибир, додека 17 преживеаја, соопштија локалните власти.
Во хеликоптерот се наоѓаа 22 патници и тројца членови на екипажот. Според прелиминарните податоци, осум лица загинаа, додека другите се повредени, изјави претставник на локалната полиција, јави ТАСС. Хеликоптерот паднал на тешко достапен терен, е леталото е речиси целосно уништено. Во тек е евакуација на повредените со помош на специјални возила за снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Американски војници повредени кога хеликоптер им го оддувал шаторот
-
По земјотресот во Мексико се урна хеликоптер со мексикански министер, неколкумина мртви
-
„Сибир го напаѓаат вонземјани“: Голема сина топка испаничи илјадници жители (ВИДЕО)
-
Нешто чудно се случува на Сибир – земјата се отвoра како во пеколот