| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарска комора времено им ги одзеде лиценците на анестезиолозите од Гевгелија

Етичката комисија при Лекарската Комора времено до донесување на судска одлука им ги одзеде лиценците на пијаните анестезиолози од гевгелиската болница, објави порталот „Здравство24“.

Како што објавува порталот, одлуката била донесена на денешната седница на комисијата. Непосредно пред нивното заседавање, министерот за здравство по втор пат писмено побара од Комората одземање на дозволите за работа на лекарите.

„Работењето во болница под дејство на алкохол претставува можност за сериозно загрозување на животот и здравјето на пациентот и е силен основ за одземање на лиценцата. Без одолговлекување мора да бидат преземени сите мерки што се на располагање имајќи во предвид дека во конкретниот случај како последица има смрт на родилка и бебе“, им напишал министерот за здравство Никола Тодоров на претставниците во Лекарската комора.

Претходно, во два наврати и Етичката комисија и Судот на честа немаа доволно докази за одземање на лиценците на пијаните лекари по смртта на родилката и бебето во гевгелиската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top