| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на Адел, Марк Еванс призна: Не бев добар татко, но на крајот таа успеа и без мене

Адел детските денови таа ги минала во една малку поинаква идила, сама со нејзината мајка. Таа ја родила Адел кога имала само 18 години како плод на една голема љубов со Марк Еванс, со кого функционирале одлично првите две години во нивниот двособен стан во Тотенхам, во близина на семејната куќа на Пени, мајката на Адел.

Марк нашол работа како водоводџија, додека Пени инсистирала на тоа да остане дома со Адел и да ги заврши студиите по уметност. Нејзиниот татко ќе каже дека навистина сакал да се смири и да се ожени со Пени, но дека во тој период, таа не сакала да се обврзе.

По две години заеднички живот, Марк ги напуштил и заминал да работи со неговиот татко во семејното кафуле во Велс.

-Тој ме викна да му помогнам и јас се согласив. Вратата секогаш беше отворена за Пени и Адел и тие знаеја понекогаш да доаѓаат за време на празниците. Пени никогаш не сакаше пари од мене, но јас и давав, тогаш кога можев, вели таткото на Адел.

Откако нејзината мајка нашла работа, Адел често останувала со нејзините тетки за кои денеска ќе каже дека ги обожава и дека не можела да посака подобро детство.

-Нашето семејство беше многу блиско, тоа беше нешто брилијантно. Во него доминираа жени кои си помагаа меѓусебно, па иако мајка ми ме одгледа сама, ми се чини дека тоа некако беше тимска работа, изјави Адел во едно интервју за Вог.

 

Нејзиниот татко ќе каже дека Адел почнала да покажува интерес за музиката уште на четири годишна возраст кога мајка и ѝ ја купила првата играчка – гитара.

-Таа учеше сама како да свири со тоа што ќе пуштеше некоја стара блуз песна од оние што ги слушавме на моето радио. Ја слушаше и се обидуваше да ги прави истите звуци со нејзината гитара. За неколку години, почна истовремено и да пее и тоа беше нешто неверојатно, вели Марк.

Во 1991 – та година, таткото на Марк ненадејно починал и тоа ги скршило сите во семејството.

-Адел беше многу блиска со нејзиниот дедо, неговата смрт ја уништи. За мене, тоа беше најлошото нешто што ми се случило. Јас го сакав премногу, тој беше сѐ за мене. Она што денес ми е најтешко, е тоа што не можеше да ја види Адел како пее и не можеше да биде сведок на сето она што таа стана, вели татко ѝ.

По смртта на неговиот татко, Марк почнал неконтролирано да пие и за многу кратко време станал хроничен алкохоличар.

mark-evans-zhal-mi-e-shto-ne-bev-podobar-tatko-za-adel-196865

-Кога денеска се навраќам на тоа, многу е болно. Жал ми е што не бев подобар татко за Адел, ја изневерив и тоа многу лошо. Само Господ знае како ги преживеав тие години, се срамев од она што станав и не сакав Адел да ме види во таква состојба, вели Марк кој почнал да се лекува кога пронашол нова љубов во неговиот живот.

Додека тој се лекувал од алкохолот, Адел се преселила со нејзината мајка во Јужен Лондон каде на 14 години добила стипендија за во Британското музичко училиште.

Марк се сеќава на еден момент кога се сретнал со неа и да ѝ честита за успехот, на што таа одговорила многу позитивно.

-Се сеќавам…пиевме чај во близина на Camden Market кога почнав да ѝ раскажувам што ми се случи…Таа ми подари една широка насмевка и ми рече дека ме разбира и дека ми простува, раскажува Марк.

Денеска, тој го има и синот Камерон, 19, со кого Адел била во постојана врска и тој многу често знаел да оди на нејзините концерти.

Во 2007 – та година, во врвот на нејзиниот успех, Адел им испратила копија од нејзината прва песна што целосно сама ја напишала наречена Hometown Glory.

Ја слушавме и не можевме да поверуваме дека тоа е нашата малечка. Гласот најверојатно го наследи од нејзината баба која и денеска пее во хорот во локалната црква, објаснува нејзиниот татко.

Последниот пат кога се виделе, ќе каже тој дека не разговарале многу за нејзината кариера.

-Таа ми рече дека животот и оди добро и дека е среќна. Многу бев горд на неа, едноставно не можев да се смирам од среќа, вели татко ѝ.

mark-evans-zhal-mi-e-shto-ne-bev-podobar-tatko-za-adel-196860

За нејзиното момче Сајмон Конецки ќе каже дека е супер прилика.

-Тој изгледа како добро момче, тие се создадени еден за друг. Адел заслужува да биде сакана, ќе биде супер тој да остане во нејзиниот живот и таа да се среди. Ако одлучат да прават свадба, би ми било мило да ја однесам до олтарот. Ќе бидам многу горд, сепак, таа е моето мало девојче. Што е направено, направено е, не може да се поправи. Не можам да го вратам часовникот наназад. Знам дека не бев добар татко, но на крајот таа успеа и без мене. Таа ја заслужува сета среќа и успех на овој свет, завршува нејзиниот татко.

 

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top