Командантот на туркменскиот одред, Алпаслан Селик, се пофали дека тој го убил рускиот пилот од авионот Су-24. Тој е турски државјанин и член на групата „Сиви волци“.
Селик најави дека пукал во руските пилоти за време на нивното слетување со падобран.
– Тие беа застрелани во воздухот додека се спушта со падобрани, објави Селик.
Тој се претставува како сириски туркмен, кој оперира во северозападниот дел на земјата. Малцинството на туркменистански сиријци што живеат во северниот дел на земјата, се дел од противниците на режимот на Башар Асад, кој од своја страна е поддржан од Русија.
Турски извори сепак велат дека Селик всушност не е туркмен, туку турски државјанин, роден во вилаетот Елјазог, кој се наоѓа во централниот дел на земјата.
Припадноста на Селик кон турската група „Сиви волци“ се потврдува со фотографии објавени на социјалната мрежа „Твитер“.
„Сиви волци“ се младинска организација на ултрадесничарската и нацистичка националистичка „Партија на националното движење“.Тие од своето постоење се одговорни за неколку напади, како најпознат случај е нивното учество во обидот за атентат врз папата Јован Павле II. Поглаварот на Римокатоличката црква тогаш беше нападнат од Мехмед Али Агџа, член на „Сиви волци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.