
Аргентинската супер ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, постигна два гола на мечот против Рома. Откако влезе во игра во последните 30-тина минути на „Ел Класико“ и победата со 4: 0 против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, вчера веќе опоравен од повредата, Меси заигра 90 минути во шоуто, кое европскиот клупски шампион го приреди против Рома на „Камп Ноу“.
Дали сепак 28 годишниот аргентнец е целосно здрав?
ТВ камерите фатија еден љубопитен момент поврзан со учеството на Меси на натпреварот во вторникот.
Во 25-тата минута, набргу откако го забележа првиот погодок на средбата, човек од клупата на каталонците на Меси му подаде едно апче, кое тој го проголта.
Зошто во меѓувреме УЕФА го тргна од „Јутјуб“ видеото на кое се гледа како Меси пие некакво апче?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


