Унгарската полиција ги засилила мерките за безбедност откако беше пронајдена “лабораторија за правење бомби“, по што се приведени шест лица во два одвоени случаи.
Директорот на унгарскиот Центар за борба против тероризам, Јанош Хајду, денеска изјави дека две лица, во чии автомобили биле пронајдени автоматски пуши, муниција и придушувачи, биле приведени во петокот на 20 ноември.
Ден подочна четири лица беа приведени во предградието на Будимпешта, откако во нивниот автомобил бил пронајден експлозив. Хајду изјави дека во текот на претресот во една од куќите пронајдена е лабораторија за правење бомби и експлозивни направи.
Тој додаде дека вториот случај има “меѓународни импликации“ но се уште е рано да се зборува за евентуална поврзаност со исламските екстремисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Драма во центарот на Белград: За влакно избегнат хорор, пронајдени бомби во торба која се распаѓала
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!