Две тетовки се прегазени вчера попладне во Тетово за само половина час.
Првата несреќа се случила околу 16 часот и 30 минути, на крстосницата со улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „29 Ноември“ кога возило „шкода рапид“ со скопски таблички, управувано од 50-годишниот Е.Н. од Голема Речица удрило во 34-годишната тетовка И.Џ.( пешак ).
Жената добила полесни повреди, пренесена е и задржана за опсервација во тетовската болница.
Половина час подоцна, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, „БМВ“ со тетовски таблички, управувано од 29-годишниот Ф.З. од Шипковица, удрило во 17-годишната Л.О. од Милетино.
По укажаната помош во тетовската болница, девојката е пуштена на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.