| четврток, 6 декември 2018 |

Пикасо вреден 12 милиони евра пронајден на таван

pikasoЗа време на чистење на таванот на својата куќа во Њу Џерси, еден Американец пронашол вредна слика од шпанскиот сликар Пабло Пикасо.

– Како дете често ја гледав оваа слика како виси на ѕидот во станот на мојата покојна тетка. По некое време ја изгубив од вид и ја немав видедно досега. Кога ја помрднав машината за шиење која се наоѓаше на таванот, сликата едноставно падна пред мене. Заплакав кога ја видов – изјави Сабатино за американската телевизија „Ен-Би-Си“.


Неговиот тетин Ники Верастро ја купил оваа слика за време на Втората светска војна. Како војник на американската војска, ја купил од еден уличен продавач во Лондон за само 9 фунти.

– Бидејќи се работи за многу стара слика одлучив да ја однесам за проценка на вредноста во една аукциска куќа. Бев шокиран кога дознав колку вреди – изјави Сабатино.

Инаку, станува збор за сликата на Пикасо „Госпоѓа со шапка“ и се проценува дека вреди 12,2 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top