Тренерот на Рома, Руди Гарсија беше многу разочаран по тешкиот пораз во Лигата на Шампионите, од 1: 6 од Барселона. Тој сепак работите ги прифати филозофски и изјави дека тоа се можностите на неговиот тим кој нема сили да се спротивстави на вонсериската игра на Барса.
– Што да кажам? Барса се вонземјани и непобедливи. Во овој момент нема кој да им се спротивстави. За нас ништо не се менува, бидејќи се уште треба да го победиме БАТЕ, ако сакаме да продолжиме понатаму. Шансите постојат. Барселона постигна фантастични голови. Таму е полно со шампиони и во моментов никој не може да ги запре. Затоа не се плашам. Секако, никој не сака да губи, но овој пораз нема ништо заедничко со нашата загубата од Баерн (Минхен). Направивме се што беше во нашите можности, се обидовме да играме пресинг, но набрзина примивме два гола. Нема за што да ги обвинувам моите играчи. Единствено требаше повеќе да ја задржат топката, за да имаме некакви шанси. Да победиме тука сепак беше сосема невозможно, изјави Гарсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.