„Криминално дејствие“, вака го оценува рускиот премиер Дмитриј Медведев нападот на турските военовоздухопловни сили врз рускиот авион „Су-24“ во Сирија.
-Неразбирливо криминалните дејствија на турските власти, кои соборија руски авион, предизвикаа три последици. Прво, опасно се заострија односите меѓу Русија и НАТО, што не може да се оправдаат со никакви интереси, вклучувајќи ја и заштитата на државните граници. Второ, Турција со своите дејствија демонстрира дека всушност ги заштитува борците на Исламска држава. Ништо чудно, со оглед на податоците за директен финансиски интерес на некои функционери од Турција, поврзани со испораката на нафтени производи, произведени во фирмите на ИД. И трето, поткопани се долготрајните добрососедски односи меѓу Русија и Турција, меѓу другото во економијата и во хуманитарната сфера- искоментира Медведев од Екатеринбург, на Урал, каде пристигна по турнејата низ југоисточна Азија.
Медведев смета дека тешко ќе може да се компензираат овие штети, дека е можно директно откажување од редица заеднички проекти и турските компании да ги загубат своите позиции на рускиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.