Од почетокот на годинава во Европа преку Средоземното Море пристигнале 858.805 мигранти и бегалци, соопшти Интернационалната организација за миграции (ИОМ).
Најмногу мигранти и бегалци, 712.159, влегле во Грција, а во Италија нивниот број изнесува 142.695. Повеќето од пристигнатите во Грција се Сиријци (над 388.000), Авганистанци (повеќе од 142.000), Ирачани (над 44.000) и Иранци (повеќе од 10 илјади).
Во Италија најголеми се групите од Еритрејци (околу 38.000), Нигеријци (околу 20.000), Сомајлици (над 11.000), Суданци (околу 9.000) и Сиријци (над 7.000).
Според портпаролот на организацијата, Џоел Милман во текот на изминатиот викенд има драстично намалување на бројот на имигранти, кои влегле во Грција.
Меѓународната организација за миграции наведува дека од почетокот на годинава 3.548 лица загинале во водите на Средоземното Море при обид да пристигнат во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.