Северина направи изненадување кога реши да го земе презимето од сопругот Игор Којиќ. Сега тоа и официјално го стори на Инстаграм каде презимето Вучковиќ го смени со новото –Којиќ.
Таа прав пат по свадбата се активираше на Инстаграм и сподели фотографијата од љубениот во костум опкружен со свеќи, а сето тоа го проследи со зборови од песната на Аца Лукас.
Некој од нејзините следбеници на оваа социјална мрежа шеговито забележа дека сценографијата на фотографијата наликува на вечерата на кнезот од филмот „Битка на Косово“.
И Игор се јави на социјалните мрежи. Тој пак сподели видео од свадбата на кој се гледа како гостите ги забавуваше хрватскиот пејач Петар Грашо. Во описот на видеото ги издвоил зборовите од неговата песна кои и ги посветува на Северина: „Твоите отпечатоци се на моето срце. Вистинската љубов никогаш не греши“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.