| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија издаде еврообврзница од 270 милиони евра

evroobvrznicaРепублика Македонија на меѓународниот пазар на капитал денес издаде еврообврзница на износ од 270 милиони евра. Рокот на враќање е 5 години односно 2020 година, соопшти Министерството за финансии.

– Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше два и пол пати повисока и достигна 632 милиони евра. Тоа овозможи да се постигне каматна стапка од 4,875 проценти, односно стапка на принос од 5,125 проценти, наведуваат во соопштението.

Македонската еврообврзница ја запишаа над 100 инвеститори од кои најголем дел се од Европа и САД, а останатите се од други земји. Од Министерството за финансии појаснуваат дека меѓу инвеститорите се најпознати инвестициски банки во светот, пензиски фондови, осигурителни компании и еквити фондови.

Трансакцијата се реализираше во соработка со Сити банк, Дојче банк и Ерсте банк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top