Грешката се случила на 16-ти март кога „Дојче Банка“ ја реализирала трансакцијата на сметката на клириншката куќа „Еурекс“ која што станала побогата за „само“ 28 милијарди евра.
Од „Дојче Банка“ потврдија дека по грешка, во рамките на рутинска трансакција на пари, префрлиле 28 милијарди евра на сметката на клириншката куќа „Еурекс“, а станува збор за вртоглав износ кој што е поголем од вредноста на целокупната „Дојче Банка“, пренесуваат германските медиуми.
Оваа грешка се случила на 16-ти март, меѓутоа сега од „Дојче Банка“ потврдија дека направиле прилично сериозна грешка при трансакцијата.
Грешката беше идентификувана за само неколку минути, а потоа беше исправена. Сериозно се разгледуваат причините поради кои што дошло до оваа грешка и превземаме чекори за да спречиме истата да се повтори во иднина“, соопштија од банката.
Ова е, како што оценуваат германските медиуми, уште еден погрешен чекор на „Дојче Банка“ која што сега минува низ реорганизација на раководството после трите години во низа на работа во загуба и кога се е под строга контрола на регулаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.