Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск повика на смирување на ситуацијата откако Турција, кандидат за членство во ЕУ, собори руски воен авион на границата со Сирија
„ Во овој опасен момент по соборувањето на рускиот авион, сите треба да останат со ладни глави и мирни“- напиша поранешниот полски премиер на Твитер.
Туск в недела ќе биде домаќин на самитот ЕУ- Турција на кој главна точка ќе биде договорот со цел ставање крај на бегалската криза во Европа.
Европската комисија соопшти дека „внимателно ги следи случувањата“ и дека „се обидува да сознае што точно се случило“ со рускиот авион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.