| четврток, 6 декември 2018 |

Туск повика на „ладни глави“.

тускПретседателот на Европскиот совет Доналд Туск повика на смирување на ситуацијата откако Турција, кандидат за членство во ЕУ, собори руски воен авион на границата со Сирија

„ Во овој опасен момент по соборувањето на рускиот авион, сите треба да останат со ладни глави и мирни“- напиша поранешниот полски премиер на Твитер.

Туск в недела ќе биде домаќин на самитот ЕУ- Турција на кој главна точка ќе биде договорот со цел ставање крај на бегалската криза во Европа.

Европската комисија соопшти дека „внимателно ги следи случувањата“ и дека „се обидува да сознае што точно се случило“ со рускиот авион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top