Кооринативното тело за управување кризи информира (според информаците добиени од УХМР) дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи од повеќе од 40л/м2. Пообилни врнежи се очекува во северозападниот дел на земјата, а на повисоките планини и повремен снег.
Координативното тело за управување кризи упатува препораки до ЕЛС и градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.
- градоначалниците да ги стават на готовност сите ресурси што се на располагање,
- градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
- градоначалниците што имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и за спасување,
- градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
- континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите,
- ЕЛС да интервенира на мостови каде што има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
- сите граѓани што сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
- припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција,
- возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
- апел до локалното население да помага и да се активира.
Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.