| четврток, 6 декември 2018 |

Се очекуваат обилни врнежи, еве ги препораките

Кооринативното тело за управување кризи информира (според информаците добиени од УХМР) дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи од повеќе од 40л/м2.  Пообилни врнежи се очекува во северозападниот дел на земјата, а на повисоките планини и повремен снег. 

дожд

Координативното тело за управување кризи упатува препораки до ЕЛС и градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.

  • градоначалниците да ги стават на готовност сите ресурси што се на располагање,
  • градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
  • градоначалниците што имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и за спасување,
  • градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
  • континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите,
  • ЕЛС да интервенира на мостови каде што има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
  • сите граѓани што сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
  • припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција,
  • возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
  • апел до локалното население да помага и да се активира.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top