Кумулативниот ефект на глобалното затоплување е еден од главните причини за хоророт во Сирија, изјави Чарлс, принцот од Велс.
– Постојат силни докази дека една од главните причини за овој хорор во Сирија, неверојатно но вистинито, може да биде сушата која траеше пет или шест години – изјави принцот во интервју за „Скај њуз“.
Тој додава дека поради сушата, голем број од луѓето морале да ја напуштат земјата.
– Некои од нас, уште пред дваесет години зборуваа дека ако не се позанимаваме со овој проблем, ќе дојде до уште пожешки конфликти поради недоволен број ресурси – истакна Чарлс, кој ќе одржи говор на отворањето на самитит на ОН за климатски промени идната недела во Париз.
Принцот Чарлс додаде дека „постои реална шанса банката „мајка природа“ да „банкротира“ како што банкротираа во 2008 година финансиските гиганти и предупредува дека ќе биде многу тешко да се постигне договор за намалување на емисиите на штетни гасови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.