Во Европа се родени помалку бебиња од почетокот на финансиската криза во 2008 година, покажуваат резултатите од истражувањето на германскиот Институт за демократски истражувања „Макс планк“.
Зголемувањето на невработеноста во 28 членки на ЕУ доведе до пад на стапката на раѓање, при што најмнoгу се погодени младите од 25 години и жителите на Јужноевропските земји како што е Шпанија.
За поврзаноста на економијата и наталитетот одамна се зборува, но тоа прашање и понатаму е контроверзно.
Најновата студија докажува дека невработеноста во некои од членките на ЕУ има влијание врз стапката на наталитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.