| четврток, 6 декември 2018 |

Монструмите од Париз вмешани во дрога, проституција и во криминал

Келнер од геј-бар откри морничави детали за монструмот од Париз, кој убиваше од името на Алах.

Салах Абдеслам (26) кој е осомничен за организирање на терористички напад во Париз, поголем дел од своето време поминувал по геј-баровите пушејќи хашиш и играјќи плејстејшн.

-Мислевме дека е машка проститутка бидејќи постојано беше со таков тип луѓе – вели за „Дејли мејл“ Јулиен, келнер од геј-бар во кој Салах често наминувал.

napad

Сопственикот на клубот кој сакал да остане анонимен, ја информирал полицијата дека терористот бил чест гостин во нивниот клуб, поради што интензивно ги разгледувале снимките од безбедносните камери со цел да го идентификуваат.

Ништо подобар од Салах не бил ни неговиот брат Ибрахим, кој се разнесе со бомба во париското кафуле „Кунтуар волтер“.

Имено, пред да го направи тоа, тој водел озлогласен клуб во бриселскиот кварт Моленбек, кој бил затворен само ден пред нападите во Париз, бидејќи служел како параван за дилерство на дрога.

napad2

Карим, близок пријател на браќата Абдеслам, неодамна ги потврди овие наводи и додаде дека Ибрахим и Салах поголем дел од своето време го поминале пушејќи марихуана и играјќи плејстејшн во барот на Ибрахим.

napad3

Интересно е што ИСИС е позната по тоа што луѓето со хомосексуална ориентација ги убива фрлајќи ги од високи згради, а по тој повод во јавноста објавија неколку видеоснимки кои покажуваат погубувања од ваков вид. Истата казна ја применуваат и на прељубниците, додека луѓето кои консумираат алкохол и дрога ги казнуваат со претепување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top