| четврток, 6 декември 2018 |

Интер убедливо против Фросиноне за прво место на табелата (видео)

Inter-Frosinone

Екипата на Интер во последниот натпревар од италијанската Серија А лига на „Џузепе Меаца“, го декласираше Фросиноне со 4-0 и со тоа се искачи на врвот на табелата со 30 бода, два повеќе од Наполи и Фиорентина.
Избраниците на Роберто Манчини конечно беа и голгетерски расположени, а повторно мируваше мрежата на Самир Хандановиќ.
Првиот погодок за „нероаѕурите“ на овој меч беше дело на Биабијани во 29.минута, а во вториот дел следуваа уште три погодоци. Икарди зголеми на 2-0, а во завршницата мрежата на Фросиноне ја погодија и Муриљо и Брозовиќ.


Inter vs Frosinone 4-0 All Goals & Highlights… by EarthSavii

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top