Голманот на Вардар, Арпад Штербик имаше фантастична вечер против европскиот шампион Барселона, и иако неговиот тим загуби 25-27, тој заслужено се најде во идеалниот состав на осмото коло.
Штербик успеа да фати 15 топки од кои дури четири седмерци, а друштво во составот му прават Никола Карабатиќ, поранешниот соиграч од Барса Виктор Томас и левото крило на Шафхаузен кој ги потопи Металург со девет голови, Мануел Линигер.
Идеален тим на 8.коло во Лигата на шампионите:
Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Лево крило: Мануел Линигер (Шафхаузен)
Лев бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед)
Десен бек: Лука Шебетиќ (Загреб)
Десно крило: Виктор Томас (Барселона)
Пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.