Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус изјави дека треба да се води бесмилосна борба против Исламска држава.
Тој членовите на ИД, која ја презеде одговорноста за нападите во Париз на 13 ноември, ги нарече чудовишта.
– Но, тие се 30.000 луѓе. Поради тоа е незамисливо фронт од држави – Франција, САД, Германија, Велика Британија, Русија, Турција и други, да не успее да ги неутрализира. А треба да се изнајде и политичко решение за војната во Сирија, во која зазгинаа 300.000 луѓе, а милиони станаа бегалци, а од тоа последици има целиот регион и целиот свет, посочи Фабијус во Бразилија.
Тој додаде дека планот за политичка транзиција во Сирија, прифатен во Виена, е првиот знак на надеж за надминување на ситуацијата. Според планот предвидено е средба меѓу претстсавници на режимот на претседателот Башар ал Асад и на опозицијата до 1. јануари 2016 година, потоа составување на влада во рок од шест месеци, усвојување на нов устав во рок од 18 месеци и потоа распишување на слободни избори.
Асад посочи дека планот може да почне да се реализира откако ќе биде победен тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро