| четврток, 6 декември 2018 |

Фабијус: Припадниците на ИД се чудовишта

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабијус изјави дека треба да се води бесмилосна борба против Исламска држава.

ф

Тој членовите на ИД, која ја презеде одговорноста за нападите во Париз на 13 ноември, ги нарече чудовишта.

– Но, тие се 30.000 луѓе. Поради тоа е незамисливо фронт од држави – Франција, САД, Германија, Велика Британија, Русија, Турција и други, да не успее да ги неутрализира. А треба да се изнајде и политичко решение за војната во Сирија, во која зазгинаа 300.000 луѓе, а милиони станаа бегалци, а од тоа последици има целиот регион и целиот свет, посочи Фабијус во Бразилија.

Тој додаде дека планот за политичка транзиција во Сирија, прифатен во Виена, е првиот знак на надеж за надминување на ситуацијата. Според планот предвидено е средба меѓу претстсавници на режимот на претседателот Башар ал Асад и на опозицијата до 1. јануари 2016 година, потоа составување на влада во рок од шест месеци, усвојување на нов устав во рок од 18 месеци и потоа распишување на слободни избори.

Асад посочи дека планот може да почне да се реализира откако ќе биде победен тероризмот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top