| четврток, 6 декември 2018 |

Европа на нозе: Полицајците кренале во воздух автомобил, објавена фотографија на третиот терорист

Во Брисел е прогласена вонредна состојба поради закани од терористички напади. Метрото е затворено, улиците се празни, а кафулињата и рестораните по препорака работат до 18 часот.

Белгиската полицијата пронашла во текот на потрагата по терористите во Моленбек, во предградието на Брисел, експлозив и хемикалии.

Турската полиција го уапсила Белгијанецот осомничен дека тој ги избирал целите за терористичките напади во Париз.

Избеганиот припадник на Исламска држава осомничен за учество во нападите во Париз, Салах Абдеслам се крие во Брисел и ги контактирал пријателите да се врати во Сирија.

Американската амбасада во Брисел ги предупреди своите граѓани да останат дома.

Во Лондон узбуна поради украден автомобил со белгиски таблички.

Во Париз е објавена фотографијата и на третиот учесник во нападите.

Tan2015-11-22_185751700_0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top