Како што е редот на секоја српска свадба, така и венчавката на Игор Којиќ и Северина се слави три дена. Уште во петокот свекорот Кеба ги пречекуваше гостите со ракија и се веселеше со трубачите.
Вчера, ноќта пред големата веселба младоженците го посетија новиот хотел во кој денеска вечер ќе ги пречекаат нивните гости, за да направат мала проба и да се осигураат дека се ќе биде во ред.
Фотографии од свадбата нема да има дури до 25 ноември, кога ќе излезе новиот број на „Стори“, кој ги има ексклузивните права на фотографирање. Селфи им е забрането на сите гости, а на келнерите ќе им бидат одземени мобилните телефони додека трае свадбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.