| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени синоќа во невреме во Гостивар

dozd

Две лица се повредени, а оштетени се повеќе објекти и возила во невремето што синоќа го зафати Гостивар.

Од силината на ветрот, дрво паднало врз монтажен објект, на улицата „Мајор Чеде Филипоски”, кој се користел за продажба на зеленчук и овојше, каде биле повредени двете лица. Од Општата болница – Гостивар информираат дека Е.О. (19) и Б.А. (27) биле згрижени во Ургентното оддление со повреди здобиени од падот на дрвото.

Паднат излог од првиот кат на објектот „Мон Блан“ оштетил неколку возила на паркингот. На улицата „Беличица“, керамиди кои паѓале од покривите оштетиле седум возила. Во селото Мало Турчане, СВР Тетово регистрирало оштетување на покрив од куќа и падната бандера за струја, а на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај Здуњската раскрсница паднат е семафор.

Во Мавровскиот регион од ветрот има повеќе оштетувања, поради кои има проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Одрон од камења и земја го блокира патот кон селото Сенце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top