| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска балканска свадба – естрадата подготви подарок во плик за Северина и Игор

61080688-severina-vuckovic-igor-kojic
Гостите за свадбата на Северина Вучковиќ и Игор Којиќ подготвија коверти со евра.

Така младенците, наместо уметнички дела, пегли, лампи и тостери, по свадбата ќе бројат кеш. Повеќето гости на прашањето на српски Курир што ќе им подарат на младенците, одговориле – пари.

-За венчавката одбрав црн секси фустан до колена, а на младенците им носам плико. Очекувам одлична забава – вели Дара Бубамара.

Композиторот и текстописец на повеќето хитови на Северина Филип Милетиќ подготвил ист подарок.

-Милош Рогановиќ и јас одиме на свадба без Министарке, кои имаат закажан настап. Ќе донесеме коверт како подарок, па сами нека одлучат како ќе ги потрошат, вели Филип.

Омилениот фолк пејач на Северина, Саша Матиќ, ќе им пее на младенците и исто ќе им подари пари.

-Ќе ги пејам месните што ги сака Северина. Сметам дека песната и доброто расположение, со грст убави желби, се најдобар подарок за младенците, па затоа ќе им подарам коверт, вели Саша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top