| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер противник на Ѓоковиќ во финалето на завршниот АТП Мастерсот во Лондон

ATP World Tour Finals
Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ ќе играат во финалето на завршниот АТП Мастерс.

Во швајцарското полуфинале одиграно синоќа во „О2’’ арена во Лондон, Федерер го победи сонародникот Станислас Вавринка со 2-0 по сетови 7:5 и 6:3.

Федерер на завршниот турнир во Лондон ги доби сите четири меча досега, меѓу кои и дуелот со Ѓоковиќ, одигран пред пет дена, а во рамките од групната фаза, кога Федерер славеше триумф со 2-0 по сетови 7:5 и 6:2.

За 32-годишниот Швајцарец ова ќе биде јубилејно 10-то финале во Лондон, каде нема триумф од 2011 година. Овие двајца тенисери и минатата година требаше да се судрат во финалето, но Федерер откако кој и тогаш го доби полуфиналето против Вавринка, поради болки во грбот не го одигра финалниот меч.

Денешниот финален меч со кој ќе биде спуштена завесата на годинашното издание на АТП Мастерс серија, меѓу Федерер и Ѓоковиќ ќе започне од 15 часот.

Во досегашните меѓусебни дуели поуспешен е Швајцарецот кој има 22 победи наспроти 21 на Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top