| четврток, 6 декември 2018 |

Добра изведба, лош пласман на Македонија на детскиот евросонг (видео)

12282770_10154566222768881_181520152_n

Ивана и Магдалена со нивната „Плетенка“ одлично ја претставија Македонија на овогодинешниот детски евросонг, и покрај пласманот на дното од табелата. Двете девојчиња имаа добар настап, а Македонија доби 26 поени. Добивме поени по еден поен од соседите Србија и Бугарија, пет поени за Македонија даде Бугарија, седум поени Албанија. Инаку, гласањето се одвиваше така што на самиот почеток сите земји беа наградени со по 12 поени.

А како гласаше Македонија? 1 поен за Словенија, 2 за Австралија, 3 за Русија, 4 за Белорусија, 5 за Малта, 6 за Бугарија, 7 за Албанија, 8 за Црна Гора, 10 за Ерменија и 12 поени за Србија.

Се натпреваруваа вкупно 17 земји се натпреваруваа на 13. издание на детската Евровизија. Детската песна се слушаше синоќа во арената „Армеец“ во Софија, соседна Бугарија. Првото место го зазеде 13-годишната Дестини Чукунјере од Малта, која ја обезбеди втората победа за малата островска земја во овој натпревар. Чукунјере триумфираше со песната насловена „Not My Soul“, за која беше наградена со 185 поени, поставувајќи го рекордот за најголем број освоени поени во историјата на фестивалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top