Врз основа на неколку статистики, Косово се наоѓа на петтото место на држави по бројот на припадници во Исламска држава по глава на жител, објави елекронското издание на косовскиот весник „Зери“.
Весникот наведува дека статистичките податоци се објавени по минатонеделните терористички напади во Париз.
Застапеноста на косовските граѓани во ИД е 83 лица на милион жители. Пред Косово се наоѓа Босна и Херцеговина со 92 житела на милион, додека Албанија е на седмото место со 46 лица на милион жители.
Списокот го предводат Јордан и Тунис со 315, односно 280 лица на милион жители. Трета е Саудиска Арабија со 107 на милион жители.
Косовските медиуми неодамна објавија информација дека во редовите на ИД има околу 300 косовски државјани, а на боиштата во Сирија и во Ирак се загинати педесеттина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации