Екипата на Волфсбург немаше милост над денешниот противник во рамките од 13.коло од бундеслигата. Вердер настрада на денешното гостување и прими шест гола. Волфсбург по овој триумф се искачи на третата позиција на табелата, веднаш зад Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Победи запишаа и Мехенгладбах против Хановер, односно Леверкузен на гостувањето против Франкфурт. Мехенгладба до победата стигна со погодоците на Траоре и Рафаел, додека за победата од 1-3 на Леверкузен во првото полувреме стрелаше Чичарито, а во второто полувреме погоди и Калханоглу. Медојевиќ беше стрелец на погодокот за Франкфурт.
Резултати 13.коло:
Франкфурт – Леверкузен 1-3, Келн – Мајнц 0-0, Мехенгладбах – Хановер 2-1, Штутгарт – Аугсбург 0-4, Волфсбург – Вердер 6-0
Шалке – Баерн М. (18:30 ч)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)