| четврток, 6 декември 2018 |

Надал: За да го победам Ѓоковиќ морам да играм најдобро што знам

Во првото полуфинале на завршниот мастерс турнир во Лондон ќе се сретнат Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Тоа ќе биде нивен 46.меѓусебен дуел во уште една нова тениска класика.
Надал заврши на првото место во групата која е наречена Илија Настасе, додека Ѓоковиќ по поразот од Федерер заврши на второто место во групата Стен Смит. Меѓусебниот скор изнесува 23-22 за Надал и Србинот ќе има можност да го измрани резултатот и да се пласира во големото финале.
Сепак Шпанецот Надал нема лесно да се предаде и најави голема борба како во неговите најдобри денови кога беше неприкосновен на тениските терени.

– Ова е уште еден чекор напред за мене и враќање на старите патеки. Не знам што ќе се случува на мечот, но знам дека ако сакам да победам ќе морам да одиграм на највисоко ниво. Што и да се случи задоволен сум со пласманот во полуфналето бидејќи во последните две недели се случија добри работи и потврда за тоа е добрата игра. Сега ми следи уште еден дуел со најдобриот – ќе видам дали сум способен повторно да се натпреварувам на врвно ниво – изјави Надал.

– Последниот дуел меѓу овие двајца тенисери се случи во финалето наРезултатот беше навистина убедлив – 6-2, 6-2. Меѓутоа, првиот сет не беше лесен во поглед на играта, во тоа нема сомнежи. Натпреварот требаше да биде понеизвесен, но на крајот од денот пишуваше 6-2, 6-2. Тоа е тоа. Ќе видиме утре дали можам да освојам повеќе гејмови – додаде Шпанецот.

Надал и Ѓоковиќ ќе играат во 15 часот, а во вечерниот термин се игра и втората полуфиналната пресметка во Лондон, во која силите ќе ги одмерат Швајцарците Роџер Федерер и Станислас Вавринка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top