Ќе се задржиме на оние универзални правила, кои не смеете да ги заобиколите и нешто што не смеете да го правите, ако сакате да имате едно цврсто женско пријателство.
Да имате земање-давање со дечко на пријателката
Ова е универзален закон: Никогаш не допирајте ги партнерите на пријателките. Сегашни, поранешни или пак мажи кои им се допаѓаат на вашата другарка, се табу територија.

Да се облекувате на ист начин
Никако, ама никако не е во ред да го крадеш стилот на другарката, нејзините идеи и воопшто нејзиното однос кон деталите. Ниту една жена не сака да личи на друга жена, најмалку пак на нејзината најдобра пријателка, со која често заедно ја гледаат на јавни места.

Да коментирате зад грб
Да си признаеме, коментирањето зад грбда е карактеристично за повеќето припаднички на женскиот пол. Но, кога е меѓу пријателки, тоа е само манифестација на комплекси. За вашата другарка или добро, или ништо.
Да земете облека / книга на заем и да не ја вратите
Тоа барем еднаш во животот му се случило на секој. Да дадете,позајмите и потоа да не ви биде вратено, воопшто не е пријатно, и еве зошто ова се наоѓа меѓу работите кои можат да уништат едно женско пријателство. Доаѓа до една непријатна тензија меѓу вас, ситуација која постепено може да го расипе вашето долгогодишното пријателство.

Да го навредите стилот на облекување или нејзиниот дечко
Луѓето се различни и нивните погледи исто така. Затоа не можете да им судите на луѓето за нивниот стил на облекување или да кажувате мислење за партнерот кој го избрале, освен ако тие не го побараат тоа од вас. Во моментот, во кој ќе и кажете на некоја пријателка, дека мислите дека овој маж не е за неа или пак дека фармерките не и го истакнуваат добро задник, ефектот е токму спротивното, значи сигурно ќе згрешите, бидејќи не секој умее да ја прифати вистината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




