| четврток, 6 декември 2018 |

Говедари со пиштол се расправале за пасишта

govedar kravar

Говедар од општина Камењане бил нападнат со пиштол од негова колега заради пасишта.

Полицијата јави дека вчер, во 14,15 часот во полициска станица Камењане,  Ш.А.(25) од село Долно Палчиште телефонски пријавил дека додека бил на место викано „Ливади“ атар на село Долно Палчиште, настанала вербална расправија помеѓу Ш.А. и Н.А. од село Селце Кеч околу местото на напасување на добиток, по што Н.А. физички го нападнал Ш.А. и од пиштол испукал неколку куршуми во воздух.

Извршен е увид на местото на настанот, продигнати се две испукани чаури и еден неиспукан куршум, а од страна на  СВР Тетово  во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top