| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за убиство во скопската турска чаршија

Во скопската турска чаршија на крајот на минатиот месец се случил обид за убиство. Неколку лица почнале физичка пресметка откако не успеале недоразбирањата да ги решат вербално, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
makedonska-policija
Според МВР, на терасата пред ќебапчилницата „Тетекс“, додека 20-годишниот Ј.С. седел со негов другар, дошле две лица, по што 20-годишниот Е.А. поради претходно недоразбирање почнал вербална расправија со Ј.С., а на заминување физички го нападнал Ј.С., од што истиот загубил свест и паднал на камената подлога, добивајќи тешка телесна повреда во пределот на рамото.
По ова, Е.Ј. со нож го повредил другарот на Ј.С., Б.Р., нанесувајќи му повреда во пределот на слабината.
Полицијата поднесе кривична пријава за Е.Ј. поради сторено кривично дело убиство во обид и за Е.А. поради тешка телесна повреда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top