Само еден месец пред да се разнесе пред полицијата во Франција, Хасна Аитбулачен (Hasna Aitboulahcen), (26) имала репутација на девојка која сака да се забавува, пренесува „Дејли мејл“.
26-годишната девојка, изгледа, поминала долг пат од девојка која сака облека и алкохол до радикална исламистка подготвена да загине во бомбашки напад.
Девојката е родена во Франција на 12 август 1989 година. Родителите и се Мароканци кои стигнале во Франција во 1973 година. Кога била мала нејзините родители се развеле и таа со мајка и се преселила во Париз, но извесен период поминала и во старателско семејство. Татко и живее во мало место каде често го посетувала.
Нејзиниот брат вели дека не разговарале пет години и дека односите им се компликувани. Тој раскажал дека Хасна живеела во старателско семејство и дека имала тешко детство полно со малтретирање. Кога пораснала се заинтересирала за журките. Објавувала селфи-фотографии од вечерните излегувања, а дека не била срамежлива докажуваат и фотографиите од бањата.
„Дејли мејл“ објави фотографија на која Хасна лежи во пенлива купка од каде и се гледаат градите.
-Цело време само критикуваше. Одбиваше да прифати било каков совет. Живееше во свој свет. Не беше заинтересирана да ја проучи својата религија. Никогаш не сум ја видел да го отвори Куранот. Постојано беше на телефон, ги прегледуваше „Фејсбук“ и „ WhatsApp”, раскажал за „Дејли маил“ нејзиниот брат.
Последните години, воопшто не криела, станала симпатизерка на Исламска држава, а тоа е јасно од нејзините профили на социјалните мрежи. Свесни за нејзината блискост со Абаод, француските разузнавачи ја ставија под надзор.
И порано телефонот и бил прислушкуван поради сомневање за трговија со дрога, а по петокот продолжено е прислушкувањето на нејзиниот мобилен телефон. Благодарение на информациите добиени со прислушкување на нејзиниот телефон разузнавачите знаеле каде се наоѓа терористичката ќелија во квартот Сен Дени, што доведе до голема акција.
По испалувањето на неколку рафални средби, полицијата ја прашала Аитбулачен каде и е пријателот, а таа одговориле дека не и е пријател. Еден од соседите тврди дека дека слушнал русокоса девојка како вика „помогнете ми“, неколку пати.
Останува нејасно зошто зошто 26 годишната девојка го детонирала својот самоубиствен елек, а некои говорат дека можеби снајперите го направиле тоа. Сепак, не случајно се затекнала на тоа место на кое го завршиле својот живот.
На „Фејсбук“ објави статус напишан на сленг, а кој во превод гласи: „Наскоро одам за Сирија, а дае Бог, наскоро тргнувам за Турција“.
Наводно и се восхитувала на Амедија Кулибалиј, вдовицата на мажот кој четири дена по нападот на „Шарли Ебдо“ нападнал еден супермаркет во Париз и уби четири луѓе. Француските медиуми пишуваат дека била опседната со ИСИЛ, но дека во Сирија и Ирак никогаш не отиде иако планираше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)