Образованието и обуката на припадниците на Армијата на Република Македонија се приоритет за Министерството за одбрана. Токму затоа, ние ја развиваме соработката и можноста за размена на студенти со едни од најреспектираните воени универзитети во светот, меѓу кои и со најстариот приватен воен универзитет „Норвич“.
Ова го нагласи министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски за време на вчерашната посета на Универзитетот „Норвич“ во Вермонт, САД.
На средбата, соопшти денеска МО, биле допрецизирани деталите околу размената на студенти со Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Се очекува, се наведува, размената на студенти да започне од следната година кога двајца питомци од македонската академија еден семестар ќе поминат во Вермонт, а потоа и студенти од „Норвич“ ќе престојуваат во Република Македонија.
Министерот Јолевски посочил дека е почната процедура за прераснување на Академијата во Национален универзитет за одбрана и безбедност, што ќе влијае на понудата на студиските програми и на квалитетот на наставата.
Во рамки на посетата на Вермонт, министерот Јолевски се сретнал и со генералот Стивен Креј, командант на Националната гарда на Вермонт со која имаме особено развиена соработка. Разговарале за начините и модалитетите како таа и во иднина да се продлабочува при што акцент се стави на можностите за обука и надградба на офицерскиот и подофицерскиот кор, заедничките вежби и другите форми на соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јолевски и Михајлоски, набљудувачи во ИЕ 6: Се гласаше демократски, приговорите неосновани
-
Јолевски: По изборите Македонија ќе ги интензивира реформите за интеграција во ЕУ и во НАТО
-
Јолевски: Заедничката соработка клучна за решавање на мигрантската криза
-
Јолевски: Македонија придонесува за евроатлантската стабилност