| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот не губи и со 23 поени негатива, благодарејќи на Стеф Кари (видео)

golden stejt

Стефон Кари најдобриот кошаркар на шампионот Голден Стејт, и МВП на минатата сезона, уште еднаш покажа дека е вистински волшебник. Тој го одведе својот тим до уште една победа 124-117 постигнувајќи 40 поени во дербито на западната конференција против ЛА Клиперс.
Натпреварот се одигра во „Стејпл Центар“ во Лос Анџелес но тоа не го спречи Голден Стејт да ја оствари 13.победа и да има стопроцентен учинок во новата сезона.
Иако ЛА Клиперс имаа предност и од 23 поени во втората четвртина, Кари и другарите не се предадоа и успеаја да ја анулираат предноста на домаќинот.
Предноста се топеше во третиот период, кога, но клучен перод во овој ефикасен натпревар беше во последната четвртина кога шампионот со серија од 25-8 дојде до предност која ја задржа до крајот на мечот.
Стеф Кари постигна 40 поени и 11 скока, Клеј Томпсон додаде 25, Харисон Барнс 21. Кај Клиперс Крис Пол имаше сезонски рекорд од 35 поени, од кои 18 во првата четвртина, а Блејк Грифин му помогна со 27.

Во НБА синоќа се одиграа уште два меча. Кливленд го победи Милвоки со 115:100, воден од Леброн Џејмс и Кевин Лав, првиот со 27 поени, вториот со 22 поена и 15 скока. Најефикасен на мечот беше Јанис Антетокумпо со 33 коша.
Мајами беше поуспешен од Сакраменто со 116-109, а Двејн Вејд и Крис Бош заедно постигнаа 47 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top