| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов поттикнува и повикува на кривично дело

Silegov-100-denari-f

Портпаролот на СДСМ, пратеник и претседател на анкетната комисија за прислушкувањето, Петре Шилегов на вчера на својот фејсбук профил повика да се обележат сите банкноти од 100 денари со политичка порака која е во полза на неговата СДСМ.

silegov

Беа објавени банкноти кои се преиначени и исцртани со пенкало.

Потегот на кој повика адвокатот Петре Шилегов е казниво со закон.  Кривичниот закон го санкционира таквото преиначување на вистински пари.

Во член 286 од глава дваесетипетта од законот за Кривични дела против јавните финансии, пчатениот промет и стопанството стои:

Член 268

(1) Тој што ќе направи лажни пари со намера да ги пушти во оптек како вистински или тој што ќе преиначи вистински пари со намера да ги пушти во оптек или тој што такви лажни пари ќе пушти во оптек, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Со оглед на тоа што Шилегов освен тоа што е пратеник е и адвокат, многу веројатно, е запознат со таквиот престап  на кој поттикнува. Тој свесно повикува на правење на кривично дело.

Народна банка вчера најави дека ќе ги конфискува сите пари на кои е пишувано, се боени или, пак, на нив има печат. Сопственикот на банкнотите нема право на надомест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top