| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ славеше против Бердих за пласман во полуфинале во Лондон

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во третото коло од групата А на завршниот мастерс турнир во Лондон во „О2“ арената славеше победа над Чехот Томаш Бердих со 2-0 (6-3, 7-5) во сетови.
Со оваа победа тој се пласираше во полуфиналето како втор од групата зад Роџер Федерер. На Ноле му беше потребен еден сет за да го обезбеди пласманот, но Србинот рутински стигна и до триумф на овој меч. Тоа беше вкупно 80.победа на Ѓоковиќ оваа сезона.
Во првиот сет Србинот на двапати успеваше да го одземе сервисот на противникот, но еднаш го загуби и својот со што го комплетираше сетот со 6-3.
Во вториот сет и двајцата тенисери играа одлично и се до 11.гем кога Ѓоковиќ направи брејк на сервис на Бердих, а потоа рутински дојде од победата.

Утре се играат последните два натпревара од третото коло во групата Б во кои се среќаваат Надал со Ферер, односно Мареј и Вавринка.
Надал води во групата со две победи, пред Мареј и Вавринка со по една, и Давид Ферер без победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top