| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се гради откупно-дистрибутивен центар во Општина Илинден

По завршување на локаните избори Општина Илинден продолжува со продажба на преостанатото слободно земјиште наменето за стопански развој. Актуелни се објавите за електронско јавно наддавање на две парцели наменети за изградба откупно-дистрибутивен центар лоцирани во Стопанскиот комплекс „Илинден“.

Површината на поголемата градежна парцела е 87.065 м2 и за неа почетната цена за јавно наддавање изнесува 61 денари, додека за втората парцела со површина од 19.334 м2 почетната цена изнесува 148 денари за метар квадратен.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица кои што ќе достават Пријава за учество во јавно надавање, која треба да се достави до 13.05.2013 година на адресата на Општина Илинден. Јавното наддавање ќе се оддржи на 17.05.2013 година по електронски пат.

Сите заинтересирани целосната објава можат да ја најдат на web страната на Општина Илинден www.ilinden.gov.mk, додека видео анимацијата може да ја погледнете на следниот линк :

http://www.youtube.com/watch?v=AZv9fyQgoXI&list=UU6dKqVfgLN6PKqBn4u-WtpQ&index=30.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top