| четврток, 6 декември 2018 |

Во БиХ за утре прогласен Ден на жалост поради убиството на двајцата војници

знаме

Во Босна и Херцеговина утре ќе биде Ден на жалост, одлучи денеска Советот на министри на БиХ, заради убиството на двајцата војници на Вооружените сили на БиХ во сараевската населба Рајловац.

Сите знамиња на институциите во БиХ ќе бидат спуштени на половина копје, а според важечките прописи се откажуваат и сите спортски и забавни програми планирани за утрешниот ден.

На овој начин, како што се наведува во соопштението, ќе им биде одадена почит на убиените војници на БиХ кои Енес Омерагиќ ги уби синоќа, објави порталот Кликс.ба.

Не е познато када ќе се оддржи комеморацијата и погребот на убиените војници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top