Нови терористички напади во Европа се веројатни, постои многу сериозно зголемување на заканата на континентот, изјави денеска директорот на Европол Роб Вејнрајт пред Комисијата на ЕП за граѓански слободи, правда и внатрешни работи.
Тој нагласи дека европската полициска служба располага со податоци за над 10.000 луѓе осомничени како „странски борци“ во Сирија и во Ирак. Вејнрајт вели дека од таа цифра 2.000 се потврдени странски борци.
Европол има податоци за 5.000 лица од Европа кои се на сирискиот фронт. Тие се од пет држави од ЕУ.
Службата има и информации за 28.000 луѓе вмешани во незаконска трговија со оружје.
Вејнрајт вели дека клучно прашање во борбата со тероризмот е размена на информации на меѓународно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.