В сабота, (21 ноември) во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведено едно од ремек делата на оперскиот композитор Џакомо Пучини, претставата „ТОСКА“. „Тоска“ е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од еден злогласен шеф на полицијата (Скарпија) во Рим, во периодот на покретот за обединување на Италија.
Во нашата претстава, главните улоги ќе ги толкуваат првенците: Весна Ѓиновска-Илкова (Флорија Тоска), Цветан Стојановски (Каварадоси) и Борис Трајанов (Скарпија). Во останатите улоги ќе настапат: (Анџелоти), Ернес Ибраимовски, Клисар:Драган Ампов,
Сполета: Никола Стојчевски, Шароне: Диме Петров, Клучар: Димитар Кожухаров и
Овчарче:Десанка Глигоријевиќ.
Настапуваат оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, под диригентство на Бисера Чадловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.