На Олимписките игри во Рио де Женеиро 2016 година на тенискиот турнир учесниците нема да можат да освојуваат поени за АТП-листата. Ова го потврди Меѓународната тениска федерација (ИТФ).
– Веруваме дека повеќето од тенисерите од АТП-листата ќе добијат шанса да учествуваат на тенискиот турнир на Олимпијдата во Рио и тоа нема да влијае врз изгледот на ранкинг-листата – изјави претседателот на ИТФ Дејвид Хагерти, кој беше избран пред повеќе од еден месец.
Оваа информација ја пренесе шпанскиот весник „Марка“, а како за ваквата одлука е што ИТФ одби да ги обештети турнирите кои се на календарот во истиот период додека се игра турнирот на Олимпијадата, а ќе бидат откажани.
Победниците на двете претохни Олимпијади Рафаел Надал и Енди Мареј, за златните медали освоија по 800 АТП поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.