Сирискиот претседател Башар ал Асад го обвини Западот дека е одговорен за раѓање на Исламска држава.
– Многумина ќе ви речат дека ДАЕШ (арапски акроним за ИД) нема природен и социјален инкубатор во Сирија, вели Асад во интервјуто за РАИ.
Според него, џихадистите кои се обучени во Сирија за да извршат напади во Париз и каде било на друго место, за тоа се способни „благодарение на поддршката од Турција, Саудијците и Катарците и на западната политика што ги поддржуваше терористите на разни начини“.
– ИД не почна од Сирија. Почна од Ирак и претходно во Авганситан, изјави Асад цитирајќи го поранешниот британски премиер Тони Блер, според кој „војната во Ирак придонела за раѓање на ИД“.
– Неговото признание претставува најважен доказ, изјави сирискиот претседател.
Асад вели дека не може да се зборува за политичка транзиција во неговата држава се додека бунтовници држат делови од Сирија.
– Кога тоа ќе се реши, 1,5 до 2 години ќе бидат доволни за транзиција – изјави Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Башар Ал Асад: Ќе се бориме против герилите финансирани од Америка