„Шведска детска литература“ е темата на предавањето на познатиот шведски писател Улф Старк, кое се одржа денеска на Скопскиот саем на книгата.
На писателите Душица Илин од Белград, Борислав Павловски од Загреб и на Тодор Чаловски им е врачена наградата за книжевен опус „Златен прстен“.
Познатиот карикатурист Дарко Марковиќ ќе се сретне со читателите на штандот на „Матица“ која му ја издаде новата книга „Балкан во Лондон“
Во 13 часот на хрватскиот амбасадор во земјава, Златко Kрамариќ, ќе му биде врачена наградата „Гоцевата мисла“, а во 14 часот ќе биде промовирана книгата „Kруна на историите“ од Садедин Хоџа, во превод на Драги Георгиев.
Попладнево ќе се одржи промоција на „Единство на лица“ од Трајче Kацаров, а ќе биде претставена и книгата „Дали го сакате Дали“ од Христо Петрески.
Вечерва, во 19 часот, ќе се одржи промоција на романот „Црната кутија–утопија за дополнителната стварност“ од српскиот писател Владислав Бајац. Делото ќе го претстави Александар Прокопиев, а пред присутните ќе се обрати и авторот Бајац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.