| четврток, 6 декември 2018 |

Врачени наградата и признанијата признанијата по повод 8-ми Ноември

Ролопласта ДООЕЛ-фабрика Неготино за остварени резултати во стопанството ја доби највисоката општинска награда „8-ми Ноември“ која се доделува по повод празникот на општина Неготино. Кристина Тодорова-иноватор од Неготино, Трио Грациозо-состав за класична музика, Трајко Недев-шаховски работник од Неготино, м-р Горан Санев –виш кустос археолог од Скопје и Тоше Зафиров-бодиволдер се годинашни добитници на признанијата по повод празникот на општината 8-ми Ноември. Имено, врз основа на Статутот на општина Неготино и одлуката за востановување награди и признанија, Советот на општина Неготино донесе одлука наградата и признанијата да им бидат доделени за остварени резултати во областа на стопанството, културата и народната техника, спортот и науката помеѓу двата празника и нивниот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на општина Неготино. Признанијата на добитниците  им беа  врачени на свечената седница на Советот на општина Неготино по повод празникот на градот, а ги врачија градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и престедателот на општинскиот Совет Јордан Паунов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top